Бразилската спортска јавност со голема тага ја споделува тажната вест која ги погоди фудбалските фанови во оваа земја, бидејќи на 92-годишна возраст почина најголемиот шампион на Светските првенства.
Легендарниот фудбалер и тренер Марио Жорже Лобо Загалјо починал во својот дом на 92-годишна возраст, а поради белегот кој го остави во бразилскиот фудбал, неговото име вечно ќе се памети.
Загалјо е единствениот во историјата која има освоено четири титули на фудбалските мундија, два како фудбалер и соиграч на Пеле, еден како селектор на „кариоките“ и еден како координатор.
Првите две титули се освоени во 1958-ма и 1962-ра година, трофејот како селектор датира од 1970-та година, а како координатор беше дел од репрезентацијата која беше најдобра во светот во 1994-та година.
– Со голема тага ве известуваме за смртта на нашиот вечен четирикратен светски шампион, Марио Жорже Лобо Загалјо.
Посветен татко, сакан дедо, приврзан свекор, верен пријател, успешен професионалец и големо човечко суштество. Џиновски идол за сите и патриот кој ни остава во наследство големи достигнувања, – гласи објавата која ја испрати семејството на Загалјо.
Бразилската спортска јавност со голема тага ја споделува тажната вест која ги погоди фудбалските фанови во оваа земја, бидејќи на 92-годишна возраст почина најголемиот шампион на Светските првенства.
Легендарниот фудбалер и тренер Марио Жорже Лобо Загалјо починал во својот дом на 92-годишна возраст, а поради белегот кој го остави во бразилскиот фудбал, неговото име вечно ќе се памети.
Загалјо е единствениот во историјата која има освоено четири титули на фудбалските мундија, два како фудбалер и соиграч на Пеле, еден како селектор на „кариоките“ и еден како координатор.
Првите две титули се освоени во 1958-ма и 1962-ра година, трофејот како селектор датира од 1970-та година, а како координатор беше дел од репрезентацијата која беше најдобра во светот во 1994-та година.
– Со голема тага ве известуваме за смртта на нашиот вечен четирикратен светски шампион, Марио Жорже Лобо Загалјо. Посветен татко, сакан дедо, приврзан свекор, верен пријател, успешен професионалец и големо човечко суштество. Џиновски идол за сите и патриот кој ни остава во наследство големи достигнувања, – гласи објавата која ја испрати семејството на Загалјо.