Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Белград-Ниш, а во еден од автомобилите имало дете (2), кое за среќа не е повредено.
Станува збор за верижен судир кој се случил синоќа околу 21 часот недалеку од излезот за Умчар.
Се судриле камион и три патнички автомобили, а четири лица се повредени.
Се претпоставува дека судирот се случил кога камионот се обидел да го престигне автомобилот од левата страна.
Во едниот патнички автомобил имало двегодишно дете, кое за среќа не е повредено – изјави извор на Информер запознаен со случајот.
Полицијата извршила истрага и повеќе детали се најавени во текот на денешниот ден.
Извор: Информер