Три лица загинаа во ужасни сообраќајни несреќи што се случија на патиштата во Србија само вчера, а во првите осум дена од 2024 година, најмалку осум лица загинаа во сообраќајки!
Црната статистика покажува дека за време на новата година и Божиќните празници, се случиле најмалку 30 несреќи, во кои околу 20 лица биле повредени низ Србија.
Во сообраќајни несреќи вчера во период од четири часа животот го загубија три лица – двајца мажи и една жена.
Маж (45) загина во седум часот на улицата Јури Гагарин во Нов Белград, каде со возилото удрил во бетонски столб.
Од ударот предниот дел од автомобилот бил целосно уништен – вели соговорник за Курир.рс и додаде дека само еден час подоцна, на пат за Кисач загинала 40-годишна жена.
Се уште не е познато како дошло до оваа несреќа, но автомобилот во кој се наоѓала жената излетал од патот.
Од здобиените повреди починала на лице место.
Третата сообраќајка се случи само два часа подоцна, на излезот од Зајечар, на патот Зајечар-Неготин.
Во верижен судир на три автомобили животот го загуби возачот на „опел астрата“, додека на лицето кое го управуваше „цитроенот“ му е укажана лекарска помош на Итната помош на Здравствениот дом Зајечар.
Несреќата беше катастрофална, мораа да реагираат и пожарникарите кои помогнаа да се извлечат загинатите и повредените – вели соговорникот за Курир.
Целиот текст прочитајте го ТУКА