Објавени нови ужасни детали: Taткото и го скршил черепот и ребрата на ќерката

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година.

Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра.

Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од Обвинителство

Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде