Слободен печат од извори во СДСМ дознава дека меѓу имињата коишто се нашле на дел од внатрепартиските анкети кои ги прават социјалдемократите се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски
Петнаесетина имиња се најдоа на листите со предлози за кандидат за претседател на државата во рамките на општинските организации на СДСМ, а меѓу нив има актуелни и поранешни политичари, како и поранешни носители на јавни и партиски функции.
Како што дознава „Слободен печат“, досега во општинските организации на партијата се евидентирани актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски,
потоа Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Спасов, Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски, Маргарита Цаца Николовска, Зоран Заев, Венко Филипче и Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ и иден претседател на Собранието кога ќе се формира техничката влада.
Од СДСМ брифираат дека сите имиња коишто ќе бидат евидентирани ќе бидат тестирани и преку анкети.
Целиот текст прочитајте го ТУКА