Следува исплата на “Мој ДДВ” – Познато е кога треба да тргне исплатата

Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење.

За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра.

Овие пари се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијаат врз семејните буџети кај повеќе од 500.000 корисници на оваа мерка.

Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија. Се повеќе граѓани бараат фискални сметки од бизнисите.

Евидентиран е зголемен број на пријави од страна на граѓаните за неиздавање на фискални сметки.

Кон крајот на овој месец или почетокот на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални, за месеците октомври, ноември и декември минатата година.

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

Од јануари лани година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде