Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран на Азорските Острови, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Сепак, очевидци велат дека земјотресот бил силен.
„Целата куќа многу силно се тресеше“, „Ме разбуди“, се само дел од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.