Се појави видео од убиството кое го потресе Балканот: 44-годишен бизнисмен ликвидиран на бензинска пумпа

Четириесет и четиригодишниот Вангелис Зампунис, бизнисмен од Атина синоќа е ликвидиран од заседа со 97 истрели од огнено оружје на бензинската пумпа што ја поседувал во Нео Космос.

Маскираниот напаѓач бил вооружен „до заби“ и нападот го извел во 2 часот по полноќ.

На снимките од надзорната камера се гледа дека тој излегува од автомобилот и од блиску пука од пушка и пиштол во Зампунис, кој само што влегол во неговиот црн џип.

На местото на убиството пронајдени се 97 чаури. Според полицијата, се работи за скапо платено нарачано убиство а користени биле пушки калашников.

И сега починатиот Зампунис бил вооружен, но не му било дадено ниту секунда време да го употреби оружјето. „Прототема“ пишува дека во неговиот џип бил пронајден калашников со голем број куршуми.

Во 2018 година Зампунис беше цел на вооружен напад кој го преживеа, затоа што на напаѓачите им се заглавило оружјето. Зампунис важеше и за водач на група рекетари, но и за платен убиец.

Полицијата после ликвидацијата го пронајде возилото кое го користеле платените убијци во Дафни, запален.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде