Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци:
На овој список, кој вчера го објави КОД, недостасува #синот на #Стевчо #Јакимовски, вработен во 2022 во МНАВ, како ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ на оглас, откако таткото реши да се лигави на власта и така некако се спаси од кривичните пријави.
А, во истиот пакет почна кампања за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, како ,,благодарност” што го поддржаа за градоначалник.
Пред да стане директор на ЦУКС, во МНАВ беше вработен и #Стојанче #Ангелов, коалициониот партнер на СДСМ. А, претходно беше вработен во МВР.
А, жена му прво во МВР, а потоа во Агенција за разузнавање.
Цела фамилија 7 години се шета од една во друга институција на државна цицка, а дали носат 5 гласа на избори.
МНАВ е дувло за пикање на размазени лојални партиски членови на ДУИ/СДСМ и разни синови, ќерки, снаи, роднини за плати од 1.000 до 6.000 евра.
И што викаат дилајливе од СДСМ – ќе правеле пак влада?
Ај, важи.
И во паралелен универзум прашање е дали ќе имаат повеќе од 30 пратеника, а во овој веројатно ќе бидат среќни и со 27, колку што освои Р.Шекеринска во 2008 со 233.000 гласа.
За споредба, на последните #Парламентарни_избори_2020,
СДСМ со БЕСА, кога како власт немаа цела планина корупциски багаж, имаа само 323.000 гласа.
Споредено со 2016, им се стопија 100.000 гласа кога освоија 430.000.
А, ВМРО-ДПМНЕ во 2020 имаа речиси идентичен број гласови како нив 316.000. А, нивниот рејтинг во последни две години е – двојно повисок.
СДСМ на Избори 2024 ќе оди со стопени 100.000 гласа во однос на 2020.
НАЈМАЛКУ 100.000!
Тоа е мешана бројка од неопределени и сдсм симпатизери која не излегува на сите избори, луѓе кои им поверуваа во 2016, им дадоа уште една шанса и во 2020, а сега нема воопшто да излезат.
И го посакуваат нивниот распад.
Впрочем, ќе си видат на 8 мај кога нема да знаат што со себе.