Двајца возачи се повредени во сообраќајката што се случи вечерва на патот Струмица-Валандово, на делницата кај селото Костурино.
Според првичната информација од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале автомобили марка „фолксфаген“ и „пежо“,
а двајцата возачи биле пренесени во струмичката болница, каде им се извршуваат неопходните прегледи и снимања.
Заради незгодата и вршењето увид, сообраќајот на регионалниот пат село Костурино-Валандово беше во прекин за сите видови возила повеќе од еден час, од 19:30 часот.