18-годишна девојка лажела дека била истепана и држена насила во дом на 55-годишен маж – полицијата ја уапси

Во 00.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 18-годишната Р.И. од Скопје, извести МВР.

„Претходниот ден околу 21.30 часот, таа пријавила дека Е.И.(55) од Тетово физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом.

По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот,

а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде