Грчката полиција утрово уапси жена (39) осомничена дека брутално убила маж (43) на сред улица во Халкида.
Сѐ се случило околу 8 часот, кога жртвата излегла од зградата и тргнала на работа, објави Прототема.
Додека влегувал во својот автомобил, натрчала една жена и го прободела четири пати во грбот. Несреќниот маж останал мртов на лице место.
Полицијата ја привела осомничената, како и уште едно женско лице, кое наводно од терасата го следело делото.
Според неофицијални информации, и двете жени ја познавале жртвата.
Се сомневаат дека мотивот за убиството биле нерасчистени љубовни врски.