УЖАС: Mладо момче се бори за живот откако било удрено од автомобил

Вчера во 17.26 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионалниот пат с.Туралево – Кратово,

патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(43) од Кратово, удрило во пешакот М.Д.(32) од Кратово.

Во несреќата М.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кратово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде