ВИДЕО Први снимки од страшната сообраќајка во која учествувал Ѓорѓе Давид

Според медиумите рок-музичарот Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, имал сообраќајна несреќа синоќа во  Македонија. 

Се наведува дека Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20 часот, на граничниот премин Куманово – Табановце.

Во сообраќајната незгода учествувале возилата „фолксваген поло“, патничко возило „фолксваген голф“ и патничко возило „опел инсигнија“, за која постои сомневање дека управувал Ѓорѓе Давид“, објави претходно македонското Министерство за внатрешни работи.

Во несреќата од здобиените повреди починала 49-годишна жена од Куманово, која била сопатничка во возилото „поло“. Според првите сознанија на српските медиуми, се сомнева дека е поврреден и самиот Ѓорѓе Давид кој се враќал од Гевгелија каде што имал некои работни обврски.

„Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,бмв”.

Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово“, информираа од СВР Куманово, информираа ноќеска од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.

СВР Куманово најавува повеќе детали во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде