Последна вест: Позната состојбата на четиригодишното дете од Струмица кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника

Четиригодишното дете од Струмица, кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника во Скопје, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија, потврди за МИА, директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска – Чолаковска.

– Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска – Чолаковска.

Заради состојбата на девојчето, како што додаде таа, веднаш по приемот биле известени надлежните во Министерството за внатрешни работи, како и социјални служби и јавен обвинител од Струмица, кој повика и судски вештак.

На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести било донесено четиригодишно женско дете, како што рече Цвејоска – Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.

– Беа забележани бројни рани по телото, кои, според изјавата на мајката, биле од напад на куче, додаде директорката на Детската клиника.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде