Владата обезбеди средства, Прилеп добива затворен базен

Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски објави дека Владата обезбедила средства за изградба на затворен базен во Прилеп.

Прилепчани долго време го очекуваат овој проект, а сега конечно се обезбедени средства за негова изградба.

Ќе се гради затворен базен за потребите на спортистите, учениците, младите и граѓаните на Прилеп воопшто.

Талевски го повика градоначаникот на Прилеп, Борче Јовчески да не ги кочи централните инвестиции во градот и да го поддржи овој проект за доброто на прилепчани.

„Еве му прилика на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески да се разбуди од зимскиот сон и да се приклучи кон реализацијата на овој капитален спортски објект. Еве му шанса на Јовчески наспроти теснопартискиот интерес и досегашното кочење на централните инвестиции во градот, да избере здрава и спортски ориентирана младина.“, напиша Талески.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде