Земјотрес ја погоди Албанија, почувствуван и во регионот

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Црна Гора.

Од РТЦГ известуваат дека се огласиле и од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

„На 23.01.2024 година во 23.47 часот, Одделот за сеизмологијата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар на 4 километри западно од Коплик (Албанија).

Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (заришната точка) била 3,5 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од III-IV степени на Меркалиевата скала (MCS)“, велат од Институтот.

Се наведува дека епицентарот бил на 31 километар од Подгорица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде