УЖАСНИ СЦЕНИ: Машка глава и делови од тело откриени во замрзнувач: СТРАШНО ОТКРИТИЕ во стан во Бруклин

Машка глава и делови од телото беа откриени во понеделникот во замрзнувач во стан во Бруклин.

Жената која живеела во станот била уапсена врз основа на бројни потерници, но била пренесена во болница бидејќи се пожалила дека не се чувствува добро.

Полицијата го пронашла распарченото тело околу 6 часот, откако добила дојава дека во станот можеби има мртов маж.

Според „NY Post“, замрзнувачот бил покриен со селотејп, веројатно во обид да се спречи ширењето на смрдеата.

„При претрес на станот, полициските службеници пронашле делови од телото. Засега не се знае кое е лицето“, се наведува од страна на надлежните служби.

Како што беше соопштено, во замрзнувачот најпрвин се пронајдени главата и екстремитетите, а потоа и другите делови од телото.

„Се чини дека сите делови од телото се таму“, соопшти полицијата.

Жената која живеела во станот се уште не е интервјуирана бидејќи се уште е во болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде