Еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија од општина Бутел

Општина Бутел објави јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија.

– Во услови на енормни поскапувања, зголемени сметки, зголемени трошоци и зголемена потрошувачка кошница, во услови на голема економска и енергетска криза,

на моја иницијатива одлучивме да им помогнеме на пензионерите и на нивните семејства – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Право на финансиска поддршка ќе остварат: граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел, приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 15.000 денари.

Исплатата ќе биде на принцип „прв дојден – прв услужен”.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 9 до 15 часот.Јавниот повик е отворен до 31.01.2024 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде