Како што веќе објавивме, полициски екипи утрово вршеа претреси и приведуваа членови на криминална група од скопското село Грчец.
Станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.
Во полициската акција која утрово ја спроведе полицијата уапсен бил и советник од Алијанса за Албанците од општина Шуто Оризари, кој наводно бил припадник на криминалната група Грчец, неофицијално дознава „Фокус“.
Од МВР се уште не излегуваат со детали.