Во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Гостивар-Градец тешко повреден е 64-годишен маж од село Топлица.
„На 25.01.2024 во 16.52 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки,
управувано од А.Н.(44) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С.(63) од с.Топлица, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во болницата во Гостивар“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Гостивар.