Се планира двојно зголемување на партиципацијата за студирање?

„Според најновите информации кои стигнаа до Студентски Отпор, надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: д

одипломски, постдипомски и докторски студии“, пишува Студентскиот отпор на социјалните мрежи.

„Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите.

Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите факултетски студентски собранија.

Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.

Апелирамe итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!“, пишуваат од Студентскиот отпор на социјалните мрежи. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде