Застрашувачки снимки од пожарот во болница во Србија, пациентите спасуваа жива глава

Српските пожарникари цела ноќ се бореа за локализирање на пожарот што нешто пред полноќ избувна во Специјалната болница на Златибор.

Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ за РТС изјави дека за пожарот на петтиот кат од болницата бил информиран во 23 часот и 30 минути и веднаш излегол на местото на настанот.

Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата. Меѓу евакуираните пациенти има и триесет деца.

Според РТС, околу 50 пожарникари од Противпожарната бригада во Чајетина го гаснеле пожарот.

Директорот на болницата за РТС изјавил дека успеале да ги сместат неподвижните пациенти во околните хотели.

– Веќе имаше работници во трета смена, и здравствени работници и немедицинска безбедносна служба, кои почнаа да ги евакуираат пациентите на долните катови. Имаше десетина деца – изјавил Симиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде