Непосредно пред изгласувањето на техничката влада, која за првпат ќе биде предводена од премиер Албанец, лидерот на ДУИ е видно расположен.
Денот му започна со песната на Калош Дани.
Министерот Артан Груби реши да го овековечи тој момент, па ги сними и видеото го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Многу емоции, пријатели.
Али Ахмети му пее на Калош Дани“, напиша Груби во описот на видеото.