Утрово страотна сообраќајна несреќа, 24-годишна девојка итно пренесена во болница

Утрово страотна сообраќајна несреќа, 24-годишна девојка итно пренесена во болница

Денеска (28.01.2024) во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„Климент Охридски“ и ул.„Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот.

Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде