КОД со шокантни детали за акцијата Грчец: Во Македонија имало околу 1.800 телефони со апликација Скај за енкриптирање, истрагата се шири и на полицајци, началници, судии и обвинители

Дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство.

При полициската истрага се користени податоци од апликацијата „Скај“ која на криминалците им служела да ги сокријат плановите и доказите пред органите на прогонот.

-Но, со странска помош, податоците од „Скај“ се предадени на МВР по што се утврдени многу докази за злосторства на групата Грчец.

Во Македонија имало околу 1.800 телефони со апликација Скај за енкриптирање односно шифрирање на комуникацијата, а сега истрагата се шири и на полицајци, началници, судии и обвинители за кои има сомнежи дека соработувале и давале податоци на групата, открива КОД.

Во КОД вечерва и за решените злосторства на групата Грчец, но и за нерешените убиства по скопските улици во битката за нарко пазарот во главниот град.

КОД вечерва открива и како и од каде стигнала првата трансакција на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети за купување на Соравиа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде