Ахмети се присети на еден важен разговор со Црвенковски – еве што му рекол во таа прилика

Првиот човек на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во специјалната емисија во Клан Македонија, посветена на именувањето на албански премиер, го парафразираше и разговорот со тогашниот премиер Бранко Црбвенковски.

Ахмети потсети дека со Црвенковски разговарал за Охридскиот договор и дека му рекол дека токму овој договор е приклучокот што ги направил Албанците господари во нивната куќа.

„Му реков, повеќе не сум потстанар. Јас сум во мојата земја, немам гроб, немам друго наследство каде, освен овде во овие простори каде што живеев.

Некогаш беше табу, албански министер за одбрана, албански министер за надворешни работи, албански министер за внатрешни работи.

Сето ова беше табу тема“, рече Ахмети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде