ВОНРЕДНО Ѓорѓе Давид се огласи преку видео: Не го правете ова, ми правите пекол во животот!

Рокерот Ѓорѓе Давид (Николиќ) за кого кумановскиот суд донесе одлука да му ги врати документите за да може да ја напушти Македонија, за првпат се обрати на јавноста.

Тој порача дека пасошот уште го нема кај него, па најави дека кога ќе ја напушти државата, прв ќе објави. Тој посочува дека има проблеми со кумановското Обвинителство, секојпат кога ќе се појави наслов дека заминал од нашата држава. Ова е прво негово обраќање откако близу „Табановце“ смртно прегази 49-годишна жена.

„Јас ги замолувам медиумите во Македонија и Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои немаат врска со вистината.

Јас не сум добил документи и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во кумановското Обвинителство. Секој наслов кој ќе го објавите овде ми прави проблем и создава омраза на луѓето од Обвинителството спрема мене, бидејќи мислат дека тие информации јас ви ги давам.

Ми правите пекол од животот. Немојте да бидете итри, земете лексилиум, напијте се пиво, заспијте. Кога ќе ги земам документите, кога ќе прејдам граница, прв ќе јавам за тоа“, рече Ѓорѓе Давид.

Инаку, од Обвинителството за „Скопје1“ потврдија дека судот ќе му ги врати документите на рокерот, а за тоа не било побарано мислење од обвинителот кој го води предметот.

„Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост, при што одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од Основното јавно обвинителство Куманово не беше побарано мислење по однос на замената на мерките“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Несреќата се случи пред седум дена. 49-годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди. Се уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде