Родителите на Сашко Соколов во солзи: Ниедни пари нема да им ја намалат тагата ниту ќе им го вратат детето, но барем ќе им помогнат во растењето и школувањето на внучињата од другиот син

Дваесет и три години по трагичното загинување на Сашко Соколов, во воениот конфликт во кој ОНА ги нападна македонските безбедносни сили, семејството се уште нема добиено обештетување.

Тие и уште десетина семејства на македонски бранители се уште чекаат надомест за изгубениот животот на најблиските.

Родителите на Сашко, се уште носат црно, велат нивниот син ќе остане непреболен и ниедни пари нема да им ја намалат тагата ниту ќе им го вратат детето, но барем ќе им помогнат во растењето и школувањето на внучињата од другиот син, кој исто така е полицаец.

Лилјана и Мирко низ солзи раскажуваат како го изгубиле синот, сеќавањата се свежи како да не поминале 23 години. Сашко Николов загинал  од терористички истрел на пунктот кај стадионот во Тетово, а на тодителите никој не им соопштил лично за трагедијата, за смртта на Сашко дознале од телевизија, а тоа ги прогонува и до денеска.

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов апелира до пратеничката група на СДСМ да гласаат за донесување на предлог законот со кој ќе се обесштетат досега необесштетените бранители од 2001 година и семејствата на загинатите бранители.

На крајот на ноември минатата година, Достоинство поднесе иницијатива со Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обесштетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители кои се’ уште се необесштетени, потсетува Ангелов.

– Како што ќе гласате поранешниот УЧК-овец Џафери да стане премиер, соберете храброст и гласајте за бранителите, порача Ангелов.

Претходно Ангелов побара владата предводена од Ковачевски со одлука да ги обесштети семејствата на бранителите, како што беше случајот со „Диво насеље“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде