ТАЖНА ВЕСТ: Ненадејно почина познатата 42-годишна актерка

Актерката Аманда Дејвис почина на 42-годишна возраст.

Аманда Дејвис, актерката најпозната по улогата во сапуницата „Еден живот за живеење“, почина на 42-годишна возраст.

Причината се уште не е позната, а се вели дека смртта била ненадејна, пренесува NYpost.

– Со голема тага ја потврдуваме веста за смртта на Аманда, која ненадејно почина.

Семејството е скршено и бараме приватност во овој момент, се вели во соопштението на семејството.

Оваа вест шокираше многу фанови ширум светот, особено оние кои ја следеа нејзината работа во популарната серија на Еј-Би-Си.

Дејвис е ќерка на познатата актерка Ерика Слезак (77), инаку добитничка на Еми. Таа го наследи талентот на мајка си и постигна забележителна улога во сапуницата „Еден живот за живеење“, освојувајќи ги симпатиите на публиката со своите извонредни актерски способности, по кои ќе остане запаметена.

Според нејзината мајка, Аманда починала „многу ненадејно“ во понеделникот, а причината за смртта се’ уште не е утврдена. Оваа мистериозна околност дополнително ја потресе јавноста и остави многу прашања неодговорени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде