Неговата дарба за препознавање на сите музички стилови му беше специјалност.
Симеон Атанасов, едно од 47-те деца кои кралицата на ромската песна Есма Теодосиевска ги одгледа и кој ѝ беше менаџер до крајот на нејзиниот живот, сподели тажна вест на социјалните мрежи.
„Изгубивме врвен уметник, инструменталист. Неговата дарба за препознавање на сите музички стилови му беше специјалност.
Упатувам искрено сочувство до семејството на нашиот Бубе Кинг, така милуваше да го викаме“, напиша Атанасов.
Бубе Кинг во неговата плодна кариера оствари бројни соработки, меѓу кои е и оваа со познатата пејачка и водителка Вики Среброва.
Бог да го прости, нека почива во мир.