Со службени возила меѓу кордон од факели: Погледнете како Џафери беше пречекан во родното Форино

На социјалните мрежи се појави видео од пречекот на Талат Џафери кој го организираа неговите соселани.

Како што може да се види на видеото жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.

Некогашниот командант Форина во ова гостиварско село беше дочекан и со огномети, а исто така може да се погледне како Џефери се поздравува со поблиските соселани и пријатели, и им отпоздравува на насобраните.

На фејсбук се огласи и Јоци:

Прво А.#Ахмети#пееше и #пушеше во Собрание во чест на ,,премиерот Талат”, следниот ден владини службени возила во служба на Талат Џафери беа паркирани во забранета зона на плоштад ,,Македонија” додека господинот пиел кафе.

Потоа Талат т.е ,, екс УЧК командант Форина” го пречекале во родното Форино како Марадона како што можеме да видиме на видеово [🙄наводно музиката во видеото била монтирана, не била дел од атмосферата…ај, добро].

Што е следно, #Шкодране ќе ги извади чизмите од таван и ќе ги закачи на местото на сликата на Киро Глигоров во Вила Водно, а Талат и Ахмети ќе прават чкрипки и ќе се тркаат околу влада со картинг?

СДСМ живи се уште? Или до 8 мај ќе дишат на шкрги после сево ова кое го гледаме, благодарение на нив?

На официјалниот сајт на Џафери и на ДУИ, каде што беше објавено видеото одеше музика, но затоа  видеото што се шири на социјалните мрежи повеќе наликува на атмосфера од некој фудбалски натпревар бидејќи такво ехо не може да предизвикаат малата толпа граѓани од Форино. Така што, голема е веројатноста скандирањата да се налепени, а веста фабрикувања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде