Максим растури на бугарската БНТ: Во Куманово нема да се тргнат натписите „бугарски фашистички окупатор“, затоа што тоа е вистината

Фејсбук пост на Максим Димитриевски:

Гоце Делчев е Македонија, Македонија е Гоце!

Македонија се сака, Македонија се чува, Македонија се брани!

– Среќен празник Македонци!

– 152 години мотив, идеологија, непокор…

Сите ние сме Гоце, а тој е во секој од нас!

На денешен ден, пред точно една година во „Говори сега“ на БНТ1 (Бугарската национална телевизија) во Софија на дебата со Христо Христов, внукот на Гоце Делчев, новинарот Костадин Филипов дописник на БНТ од Македонија и водителката Маја Костадинова

 Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев!

 Во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи. Официјална Бугарија никогаш не излезе со став и не се извини.

 Знаете што е резултат на таквиот режим на владеење? Оваа книга само за мојот град, над 900тини жртви. Овој човек има 15 години, исечен е на парчиња. Значи, над 800тини жртви, од кои најголем дел или над 90% се убиени од бугарската фашистичка полиција и армија. Ова не може да се заборави, но може да се стави на страна, да се учи од минатото и да креираме нова иднина, но, не на начинот како што го креираат некои поединци од вашата држава. За да почитуваш првенствено треба да добиеш почит.

 Бугарската држава треба да сфати дека од Македонец бива само Македонец и не бива ништо друго. Ние сме Македонци, вие сте бугари. Ве сакаме и ве почитуваме, сакајте не такви какви што сме, затоа што на друг начин никогаш нема да се разбереме.

 Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде