Нови шокантни снимки од трагичната сообраќајка во Италија: Сопружниците ги приклешти камион, стотици заглавени во возилата

Двајца сопружници и возач на камион загинаа денеска во тешките сообраќајни несреќи на италијанските автопати, кои се случија со разлика од само неколку часа.

Во двете сообраќајки загинале најмалку три лица, а повредени се повеќе од 50, според последните извештаи на медиумите.

Во судирот во кој учествувале 20 возила загинале двајца сопружници.

Според информациите, 3 лица се здобиле со тешки физички повреди, додека останатите се здобиле со полесни повреди.

Во вториот верижен судир, кој се случи околу 11:55 часот на автопатот А22, во кој учествуваа околу 100 возила, загина едно лице – неидентификуван возач на камион.

Маглата ги отежна спасувачките операции, додека многу учесници останале заробени во своите возила.

Во верижниот судир учествувале камиони, автомобили, комбиња, како и два носачи на автомобили.

Во истиот регион денеска се случиле 11 одвоени сообраќајни незгоди, поради временските неприлики кои ја намалиле видливоста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде