Колозова: Не се спие. Не можам да функционирам. Државата при уши не ме штити и дозволува да сум тортурирана во име на некаква вера

Фејсбук пост на Катерина Колозова:

Не се спие. Не можам да функционирам, ниту да го минам денот без болки во кичма ако не спијам.

Никој со своите верувања нема право да урла од километри далеку, да влезе во мојот дом и со сила да ме буди.

Има закони, државата при уши (допрен глас) не ме штити и дозволува да сум тортурирана во име на некаква вера.

Зошто се изземени од законот овие објекти? Зошто тероризираат секој? Државата треба да се тужи, оти дозволува терор врз нашето здравје, сон, и лаже дека одвоила црква од држава.

Овде веќе физички не се живее. Ја и мојата инсомнија, не можеме веќе. Некој нека почне петиција… од мене доста беше активизам, напиша Колозова на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде