Силната бура носеше се пред себе: Паднати дрвја, поплави и одрони, три лица загинаа во големото невреме во Калифорнија

Обилни врнежи и силни ветрови парализираа делови од американската сојузна држава Калифорнија, а според досегашните извештаи, невремето однело и неколку животи.

Властите досега објавија за три жртви како последица на невремето. Во близина на градот Сакраменто, еден човек бил погоден од дрво што паднало во неговиот двор, а подоцна починал од повредите, објави Канцеларијата на судска медицина во округот Сакраменто.

Си-ен-ен пренесува дека уште две лица загинале од паѓање на дрвја во Северна Калифорнија.

Бурата, која првично беснееше во областа Сан Франциско, во понеделникот отпатува на југ кон Санта Барбара и Лос Анџелес.

Околу 1,4 милиони луѓе во областа на Лос Анџелес, вклучувајќи ги Холивуд Хилс и Беверли Хилс, се под предупредување за поплави.

Метеоролозите предвидуваат повеќе врнежи и сметаат дека заканата од поројни поплави и калливи и карпести одрони се особено опасна ситуација.

Фото:  pictures.reuters.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде