На 06.02.2024 во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Јуриј Гагарин“ и сервисна улица во Скопје,
патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Љ.Д.(61) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.02.2024 во 20.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“ и ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице(30) од Куманово, удрило во пешакот С.Ј.(55) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.