Убава вест од власта и за земјоделците: Проверете ги сметките, исплатени се субвенции

До 1.955 јаболкопроизводители исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година, во вредност од 203,3 милиони денари.

Поддршката за јаболкопроизводителите со нови мерки продолжува и во 2024 година.

Во програмата за финансиска поддршка на земјоделството е предвидена мерка, со која ќе бидат опфатени сите јаболкопроизводители,

кои во периодот од 15 септември 2023 година – 15 јануари 2024 година, го имаат предадено своето производство во регистрирани откупувачки или преработувачки капацитети.

Дополнително оваа година јаболкопроизводителите, како и сите земјоделци, добиваат 100% поддршка за зелена нафта,а кај овоштарите изнесува 12.000 денари по хектар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде