На 09.02.2024 во 20.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман,
кај место викано „Северова падина“ патничко моторно возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од В.Д.(24) од с.Сирково-Росоман излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.