Видео кое вечерва ја вознемири Македонија: 15-годишно девојче среде Скопје брутално претепано од соученички

Трауматичен и вознемирувачки настан се случил среде бел ден вчера во центарот на Скопје во близина на грчкиот конзулат, дознава Слободен печат од свои извори.

Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот.

Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми.

По бруталното претепување таа сама дошла до гимназијата во центарот на градот, но поради исцрпеноста колабирала пред обезбедувањето по што биле викнати нејзините родители.

Снимката ја направила толпа ученици кои или набљудувале или се потсмевале со овој сериозен настан. 

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде