Доцна синоќа се случиле две тешки сообраќајни несреќи кои го пренасочиле сообраќајот.
Од 23:15 ч. регионалниот пат Велес-Градско беше затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода.
Од утрово патниот правец повторно е прооден, информираат од АМСМ.
Половина час подоцна, во 23:45 ч. сообраќајот на Автопат ГП-Богородица-Скопје кај с.Прдејци беше пренасочен по регионалниот пат поради сообраќајна незгода се до утрово кога повторно е пуштен во нормален сообраќај.
Во текот на денот очекуваме повеќе информации за сообраќајните несреќи и дали има повредени лица.