Бислимовски со убава вест за оние кои испратиле жалба за сметките за струја

Јасно е дека има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија очигледно е превисока,

кај најголем дел од жалбите кои што се водат кај нас, ние ќе ги прифатиме, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Во интервју за РСЕ, Бислимовски појаснува дека таму каде што не е отчитано во изминатиот период редовно ќе направат ЕВН Хоум конечна пресметка.

–   И тоа ќе ги прифатиме на следниот начин. Доколку периодот на отчитувањето е 90 дена, ќе се направи една конечна пресметка, каде што, првиот блок го сведуваме на дневно ниво, иако е за еден месец тоа е 210 киловат часови, а ако е за 90 дена е 90 по 7, 630 киловат часови.

На тој начин ќе му обезбедиме, непотребни количини на електрична енергија да не му одат во четвртиот блок и заради тоа велам дека блоковите, наместо периодот, ако е 90 дена на отчитување, првиот блок нема да биде 210 кило часови, туку ќе биде 630 кило часови, вториот блок ќе биде исто така како што е сега од 630 помножен до 3, така да за да имаат граѓаните реална пресмета, појаснува Бислимовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде