ВОНРЕДНО: Во врска со возачките дозволи се огласи министерот Тошковски

Од утре сите граѓани кои имаат возачки дозволи без “северна”, ќе можат да бидат казнети оти тие нема да им се валидни.

МВР извести дека законите утврдуваат дека во случај на сообраќајка, осигурителните компании ќе се повикаат на тоа дека документите се неважечки и да не исплатат оштета.

“Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета”, вели МВР.

Министерот Панче Тошковски посочи дека предлог-законите за да не страдаат граѓаните се готови и ќе ги поднесе. Се пожали дека бил опструиран од колеги, други министри од Владата.

“Невидена грозотија е ова што ќе се случи од утре па натаму”, вели Тошковски за Канал5.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде