Апсење на повеќе локации низ Македонија

Денеска (12.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ј.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.02.2024 во 19.50 часот на ул.„Индустриска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(28), Е.К.(22) и Л.М.(19), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај С.Б. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2024 во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Ѓ.(27) од село Бориево, струмичко, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2024 во 14.50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(25) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид дал фалсификувана косовска возачка дозвола.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2024 во 23.40 часот во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.П.(28) од Демир Хисар и Ѓ.С.(23) од Битола затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. При интервенција на полициските службеници и нивно приведување, Е.Б.(25) од Битола ги попречувал полициските службеници, по што и тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде