Министерот Бектеши објави убава вест: Владата донесе одлука, дополнителни 35 денари ќе дадеме за откуп на тутунот од прва класа

Откупната цена на тутунот од прва класа “ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година ќе биде повисока за дополнителни 35 денари, напиша на на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука по мислење на Министерството за економија беше усвоена на денешната седница на Владата.

Со оваа одлука се одобрува барањето на Тутунски комбинат АД Прилеп за зголемување за 35 денари

на откупната цена на тутунот прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година да им се исплати на тутунарите.

“Носиме одлуки во интерес на тутунарите“ напиша министерот Бектеши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде