Тажна вест: Имаше само 26 години – почина познатиот рапер

Германската ѕвезда, раперот Пабло Грант, попознат како „Dead Dawg“, почина на 26-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

Според извештаите, Пабло наводно починал од тромбоза.

Трагичната вест за смртта на популарниот музичар ја објави берлинската рап група „БХЗ“ во неделата навечер.

Уметникот, актерот, музичарот и дел од БХЗ, Пабло Грант, неочекувано почина на 6 февруари на 26-годишна возраст поради тромбоза.

Семејството и пријателите на починатиот се со скршено срце и бараат да се почитува приватноста и да не се контактира до дополнително известување во овој тежок момент.

Би сакале да им се заблагодариме на сите фанови кои со години го следат и поддржуваат уметничкото патување на Пабло – изјавија тие.

Инаку, само неколку дена пред ненадејната смрт на Пабло, рап групата БХЗ ја откажа својата турнеја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде