Следува голема промена на времето: Се очекува многу снег и на пониските места

Метео анализа на Славчо Поповски:

Како што веќе најавивме, оваа недела можете да уживате во релативно убавото и суво време, температурите иако пониски,

сепак и понатаму ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу или под нулата.

Веќе следната недела во регионот, но и кај нас доаѓа голема промена на времето и длабок циклон од запад. Промената на времето ќе започне уште од понеделник.

Следната седмица очекуваме заладување на времето и чести и обилни врнежи од дожд и од снег на планините, а потоа со заладувањето снег може да се очекува на многу места во регионот и на пониските места (градовите), па така и во Македонија.

Можно е да се соочиме и со значителни количества на дожд и снег. Се поголеми се шансите дека во последната декада од овој месец зимата и тоа како ќе го оправда своето име.

Состојбата будно ја следиме, што значи наскоро следуваат нови и по потреба обновени метео информации околу очекуваната голема промена на времет о која ја очекуваме уште од самиот почеток на следната недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде