Најмалку 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случи во Египет.
Локалните медиуми јавуваат дека седум лица се повредени и во сударот во областа Амрија кај Александрија.
Сообраќајната несреќа се случила на автопатот што ја поврзува Александрија со Каиро.
Сообраќајот на автопатот е привремено во прекин.
Неодамна, најмалку 28 лица загинаа, а 60 се повредени во сообраќајна несреќа на повеќе возила во провинцијата Бехеира, околу 132 километри северно од главниот град Каиро.