Страотна сообраќајка: Се преврте возило, младо момче итно пренесено во болница

Вчера на обиколницата на град Скопје, во близина на надвозникот кај селото Стајковци, се случи сообраќајна несреќа.

„Патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(22) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, објави МВР во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде