Иваца Б. – полицаец кој бил дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа по полноќ пред познат скопски локал во центарот на градот нападнал колега полицаец кој во моментот извршувал работни задачи.
Според информациите, полицаецот од Единицата за недозволена трговија заедно со уште петмина други колеги биле на работа со план за претрес во објектот за пронаоѓање на лица инволвирани со дрога.
Но, според информациите, телохранителот на Мицковски, го спречил да влезе, првин вербално напаѓајќи го полицаецот, а потоа и физички, со туркање и боксови во пределот на главата, иако бил предупреден дека извршуваат службени дејствија.
-И.Б. (43) е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, по целосно документирање на настанот ќе бодат преземени соодветни дисциплински мерки согласно колективниот договор, велат од МВР.
Министерот за внатрешни Панче Тошковски го осуди насилството, најави расчистување на случајот. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека лицето било ангажирано како дел од обезбедувањето на Мицковски но не бил шеф, како што тврдат од СДСМ.
-Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата,- – ВМРО ДПМНЕ.
За настанот се огласи и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, според кој нема ваков случај во македонската историја поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во вршењето на работата.
Од СДСМ на социјалните мрежи објавија и фотографија од Ивица Б., а според информациите тој во 2020 година за време на техничкиот министер Наќе Чулев бил назначен за командант на Тигрите.